Премини на содржината
Општи одредби и услови

За рентакар услугата

Возилото е неотуѓива сопственост на ТОП ИНТЕРНЕШНЛ РЕНТ-А-КАР. Корисникот нема други права, освен оние кои му ги дава наемниот договор.

1. Овластено управување со возилото

Изнајменото возило може да го возат лица постари од 23 години кои имаат возачка дозвола 3 години (3 х 365 дена).

2. Наем на возило

Возилото го презема корисникот на возилото со склучување на наемен договор. Со потписот на договорот потврдува дека возилото и целата опрема наведени на страна 1 од договорот е во исправна состојба. Корисникот е должен да го врати возилото во рок наведен во договорот.

3. Опомена

Изнајменото возило не смее да се употребува:

  • за платен превоз на патници и стока;
  • ако лицето кое го склучило договорот дало лажни податоци;
  • за кои било натпреварувања, брзинска проба или трки;
  • под влијание на алкохол, средства за смирување, наркотици, средства за спиење и други лекови;
  • кога возилото не е во возна состојба или е преоптоварено со прекубројни патници или багаж, измината регистрација, или од која било причина возилото не е технички исправно;
  • надвор од категоризираните сообраќајници;
  • надвор од одредените услови, забрани или препораки, кои се однесуваат на употребата на возилото во одредени држави или региони, корисникот ги усогласува со условите пропишани на договорот. ТОП ИНТЕРНЕШНЛ РЕНТ-А-КАР ја одбива одговорноста за каква било загуба или оштетување, кое било предизвикано со непочитување на горенаведените забрани.

4. Одговорност на корисникот за штета

Корисникот одговара за целата штета на возилото, делови и дополнителна опрема која не се признава под услови и одредби на каско осигурување. Корисникот одговара исто и за штета која би настанала на возилото, деловите и дополнителната опрема од несоодветна употреба. Корисникот одговара и за штета која би настанала поради замена на делови или опрема, кога истата замена не е потребна, односно била направена така што нов или добар дел е заменет со стар или послаб. Корисникот се обврзува секоја констатирана штета, надвор од одредените услови, да ја подмири по поднесувањето на дополнителната сметка која е доставена од ТОП ИНТЕРНЕШНЛ РЕНТ-А-КАР.

5. Плаќање на фактурата

По завршување на наемот се прави пресметка на наемниот договор, врз основа на ценовникот, со важност при склучување на договорот, со придржување на податоците кои се во договорот, дополнителните трошоци и можните посебни услови. Корисникот е должен да ја подмири сметката при враќањето на возилото по приложената сметка, односно во рок од 8 дена по приемот на фактурата. Ако фактурата не е платена во рок, пресметуваме затезна камата во согласност со законските прописи, ако во договорот не е поинаку договорено.

6. Продолжување на наемот

Кога корисникот сака да го продолжи наемот, за тоа мора еден ден однапред да ја извести деловницата што го издава возилото. Во случај на неисполнување на овој услов, се смета дека корисникот противправно го присвоил возилото и ТОП ИНТЕРНЕШНЛ РЕНТ-А-КАР е должна да го пријави во обвинителството. Во случај кога корисникот возилото го враќа после датумот наведен за време на склучувањето на наемниот договор, а во тек на наемот дошло до промена на цените, се пресметуваат новите цени од денот кој бил предвиден возилото да се врати. По новите цени се пресметуваат и километрите, и тоа: бројот на поминатите километри се дели со бројот на наемните денови. На тој начин, добиениот просечен број на поминати километри на ден се множат со бројот на пресметаните денови над договорениот датум за враќање на возилото и така добиените километри се пресметуваат по нова цена.

7. Километража

Бројот на извозените километри за време на наемот на возилото се утврдува според фабрички вградениот бројач на километри. Бројачите на возилата се пломбирани, а корисникот мора при преземањето на возилото да се увери дека пломбата е на свое место.

8. Во случај на отстранување на пломбата на вградениот бројач на километри

Во случај при враќањето на возилото да се утврди дека пломбата е симната, на странката и се пресметува за секој наемен ден дополнителни 500 км по важечкиот ценовник.

9. Гориво

Горивото не е вклучено во цената на наемот. Возилото се издава и мора да биде вратено со полн резервоар гориво.

10. Одржување

Корисникот се обврзува дека ќе се грижи за возилото и редовно ќе го контролира нивото на маслото во моторот, автоматскиот менувач, ако истиот постои во изнајменото возило, вода во ладилникот и акумулаторот, како и правилниот притисок во гумите. Маслото мора да се менува на секои 10000 километри. Трошоците на корисникот ќе му се признаат ако приложи сметка или фактура од дотичното претпријатие. Корисникот е должен да ги плати сите оштетувања од недоволно одржување.

11. Дефекти

Поправка или замена на делови на возилото може да се вршат само во овластени сервиси, а со претходно одобрение од деловницата која го дала возилото на наем. Трошоците на корисникот му се враќаат по приложување на сметката. Во случај на замена на делови, корисникот е должен да ги приложи и заменетите делови. Во случај поправката да е направена во странство, наемникот е должен, и покрај претходната дозвола од деловницата за поправка, при премин на државната граница да ја завери сметката за извршената поправка и да го пријави заменетиот дел.

На корисникот по договор и по претходното одобрување му се признаваат трошоците во висина на приложената сметка во денари, пресметано по средниот курс на Народна банка на Република Северна Македонија на денот на пресметувањето. За поправка во странство без претходна согласност на ТОП ИНТЕРНЕШНЛ РЕНТ-А-КАР по враќањето на возилото на корисникот му се признаваат трошоци по приложената сметка, во висина која ќе ја оцени комисијата на ТОП ИНТЕРНЕШНЛ РЕНТ-А-КАР, а во противвредност на денари по средниот курс на Народна Банка на Република Северна Македонија на денот на пресметувањето. Ако програмата била извршена надвор од овластен сервис без претходна најава и без приложена сметка, трошоците не се признаваат. Ако при враќањето на возилото се констатира дека кој било дел од возилото, опремата или дополнителната опрема е изгубен, корисникот е должен да ја плати штетата во висина на цената на изгубениот дел или опремата која важи на денот на враќање на возилото.

12. Документи и клуч

Сите возила се опремени со потребните документи, вклучувајќи ги и документите за премини преку државната граница, за кои наемникот одговара. Во случај на губење на документите или клучот, наемникот е должен да ги подмири трошоците за истите во висина од 100 евра во денарска противвредност.

13. Осигурување на патници

Со дневна доплата во висина која се одредува според важечкиот ценовник, возачот и патниците се осигурени од телесни повреди и смрт, според важечката полиса.

14. Осигурување на возилата

Сите возила сопственост на ТОП ИНТЕРНЕШНЛ РЕНТ-А-КАР се осигурени против одговорност за штета на трети лица. Осигурителната компанија ја покрива штетата која ја направиле возилата, до висина со закон одредениот осигурителен износ на денот на случување на штетата. Сите возила кои се сопственост на ТОП ИНТЕРНЕШНЛ РЕНТ-А-КАР се каско осигурени со франшиза. Корисникот ја покрива штетата до висина на одбиената франшиза во случај да однапред го нема платено дневниот додаток за осигурување по важечкиот ценовник. Осигурувањето во никој случај не ги покрива штетите настанати на коритото за масло (картер) и гумите, кои што ги сноси корисникот сам.

15. Осигурување од кражба

Возилото, алатите, приборот и опремата можно е со доплата во висина од договорот кој ги одредува важечкиот ценовник, да се осигураат од кражба. Во случај такво осигурување да не е склучено, а дојде до кражба на возилото, делови, алат, прибор или опрема, а тие штети не ги покрива осигурувањето, корисникот е должен штетата да ја плати сам. 3а секоја кражба мора да биде известена најблиската полициска станица и деловницата на ТОП ИНТЕРНЕШНЛ РЕНТ-А-КАР која го издала возилото во наем.

16. Незгоди

За секоја несреќа мора веднаш да се извести најблиската полициска станица и деловницата на ТОП ИНТЕРНЕШНЛ РЕНТ-А-КАР која го издала возилото. Потребно е да се пополни посебен формулар – изјава за незгодата, кој е приложен во документите од возилото, со сите податоци за незгодата и истиот да се достави до деловницата на издавање. Корисникот се обврзува дека ќе соработува со ТОП ИНТЕРНЕШНЛ РЕНТ-А-КАР во истрагата и постапката, односно несреќата. Доколку корисникот не ги исполни условите од овој член, должен е трошоците предизвикани со несреќата да ги плати сам.

17. Важност и промени на наемниот договор

Наемниот договор стапува во сила по потпишување на двете договорни страни. Истовремено, со наемниот договор важат и можните посебни договори, опреми или препораки, кои по приемот и со потписот одговорниот корисник ги потврдил, а се во прилог како составен дел на договорот. Ниедна одредба или услов од договорот не може да биде променета без согласност на ТОП ИНТЕРНЕШНЛ РЕНТ-А-КАР.

18. Контрола и одземање на возилото

Сите вработени во ТОП ИНТЕРНЕШНЛ РЕНТ-А-КАР имаат право во секое време да го контролираат возилото. Во случај при контролата да утврдат дека корисникот ги крши одредбите од договорот, сите вработени во ТОП ИНТЕРНЕШНЛ РЕНТ-А-КАР се овластени да го одземат возилото. Вработениот при интервенцијата е должен, кога тоа е можно, да се идентификува како вработен во ТОП ИНТЕРНЕШНЛ РЕНТ-А-КАР со соодветна исправа. Пресметката за наем на возилото се прави денот кога е возилото повторно во деловницата на ТОП ИНТЕРНЕШНЛ РЕНТ-А-КАР.

19. Сообраќајни прекршоци

Корисникот сам одговара за сообраќајните прекршоци за време на наемот. Корисникот сам одговара за висината на штетата која ја предизвикал со возилото за време на наемот, а осигурувањето од кои било причини не ја покрива штетата.

20. Јурисдикција

Во случај на спор договорена е надлежност на судот во Скопје.

21. Дефинирање на термините

а) ТОП ИНТЕРНЕШНЛ РЕНТ-А-КАР – Сопственик на возилото кое е предмет на наемниот договор, со полн назив ТОП ИНТЕРНЕШНЛ РЕНТ-А-КАР Скопје, ул. „Скупи“ бр. 67, Скопје
б) Корисникот/Наемник: – Лице кое го зело возилото во наем по договор и се обврзало да ги подмири сите трошоци од наемот
в) Возач – Лице кое физички управува со возилото